Благодарение на Стела, сведоци сме на ново бизарно движење на Инстаграм.
Некои печат домашен леб, некои висат на социјалните мрежи, некои гледаат Netflix, а британската дизајнерка Стела Мекартни ја убива досадата во „домашен притвор“ – изведувајќи каскадерски зафати.
Познатата Британка прописно ги насмеа своите обожаватели објавувајќи на Инстаграм видео на кое се гледа како скалилата од својот дом ги користи како лизгалка во забавен парк.
Под постот се вели „Не обидувајте се да го направите ова дома“ и ја прикажува 48-годишната Стела како ги става нозете во вреќа за спиење, а потоа, со насмевка на лицето и очила за сонце, се лизга надолу.
Иако станува збор за прилично стрмни скалила, приземјувањето заврши безболно, а дизајнерката ги праша своите следачи на Инстаграм што прават тие за да го скратат времето за време на изолацијата поради пандемијата од корона.
Видеото предизвика лавина од предизвици наречени StellaStaircase во која познати личности и странци објавуваат свои видео снимки од спустот по скалите.
Најновата „каскадерка“ е актерката Дру Баримор, која по нејзините скалила се обиде да се спушти замотана во дебел тепих, но прилично беше неуспешно.
Под објавата, таа го предизвика својот пријател, 45-годишниот комичар Џими Фалон да го стори истото.
Тој сè уште не одговорил.