Велигденската трпеза нуди толку многу вкусни деликатеси што тешко може да им се одолее.
А со консумирање премногу храна доаѓа непријатната подуеност. Како и да е, не треба да се „штедите“ при уживањето во велигденските оброци, затоа што пронајдовме рецепт за пијалок што ќе направи надуеноста да исчезне додека да кажете – кекс.
Велигденски јајца, шунка, млад кромид, а потоа и француска салата – кој би им одолеал на сите тие велигденски специјалитети!
Но, по обилното велигденско јадење, следуваат и последици како надуеност и гас.
За да избегнете проблеми со варењето, ви претставуваме рецепт за зелен пијалак кој ќе го однесе непријатното чувство на надуеност додека да кажете „кекс“!
Следниве пет моќни состојки го прават овој пијалок толку посебен:
– 100 грама спанаќ
– 30 грама свежо нане
– 100 грама ананас
– половина јаболко
– 2 лажички мед
– парче свеж ѓумбир, излупен и мелен
– 1/4 лажичка куркума во прав
– 1/4 зелен лимон
– 2 децилитри вода
Подготовка: Ставете ги сите состојки во блендер, промешајте и – пријатно.