Cafe Del Mar

Канабис: Хит состојка за нега на кожата

Без разлика дали станува збор за чоколадо, свеќи или облека, CBD е насекаде и го зазема светот на убавина и нега на кожата. Од серуми и креми за сончање до средства за чистење, полиците на аптеките нудат најразлични производи натопени со коноп.

Истражуваме дали вреди да се проба …

Познато е дека индустрискиот коноп содржи корисни омега-6 масни киселини (гама-линолен и линоленски масни киселини) и масни киселини омега-3 (алфа-линоленска) за кожата, но и повеќе од 400 различни соединенија, од кои околу сто фитоканабиноидни соединенија – соединенија што ги нема во ниту едно друго растение.

Еден од нив е канабидиол или скратено CBD, што сочинува 40 проценти од индустрискиот екстракт од коноп. Токму оваа состојка ќе биде важна во производите за нега на кожата во наредните години.

Прогнозерите на трендови за велнес го најавија ова, бидејќи пребарувањето на Интернет за нив е зголемено за дури 367 проценти!

Причината се неговите моќни карактеристики – докажано е дека има силно антиинфламаторно дејство, помага во смирување на кожата, што го прави одлична состојка во производите за нега на акни, го намалува црвенилото и ги регенерира клетките.

Во исто време, тој е познат како одличен подмладувач на молекули, бидејќи го спречува оштетувањето на клетките при оксидирање, исто толку добро или дури и подобро од витамините Ц и Е.

Напиши коментар