Убавина

Карантин со стил: 6 лесни фризури кои ја кријат валканата коса

Секси и тренди фризури за прва помош.

Имате валкана коса, а сакате фризура? Имаме решение за вас.

Бидејќи поминуваме многу време во нашиот дом да го спречиме ширењето на вирусот корона колку што е можно, деновите полека почнуваат да личат едни на други, дури и ако имате список на обврски или планови што ги правите.

Поради вонредната состојба, сите се забавивме и многу од нашите секојдневни рутини страдаат како резултат на тоа, па дури и оние што обично ги правиме само дома.

Некои од нив се поврзани со убавината, особено косата.

Дали и вие им припаѓате на оние кои сега го прескокнуваат „денот за миење на косата“ што инаку би бил нагласен со црвена боја во списокот на дневни „задачи“?

Да не спомнувам дека веќе не размислуваме за правење на фризура која е задолжителна во нормални околности, затоа што и онака не излегуваме.

А дали знаевте дека сето ова, особено дополнителните неколку дена пауза од миењето на косата, всушност добро за вашиот скалп да се одмори од шампон.

„Мислам дека е вистинско време да се концентрираме на негата на скалпот“, вели фризерката Лејси Редвеј за allure.com.

Но, што да направите кога треба брзо да „се средите“ и да ја стилизирате вашата коса иако не сте ја измиле косат?

Стилизирањето на мрсна коса може да биде предизвик, сепак, кога косата е валкана има тежина, па затоа започнува да се лепи, што за многу фризури е добро.

Со оглед на тоа дека имаме виртуелни состаноци и видео повици во моментов, се дружиме со пријателите, па сакаме да изгледаме убаво и ни треба брза фризура, која ќе ни служи како кец во ракавот.

Сè што ви треба се неколку производи за убавина што секој веќе ги има дома во зависност од типот на косата, по некоја шнола, панделка и неколку минути. Еве што ви предлагаме:

Шнолите доаѓаат на помош – коса на страна

Ниска пунџа

View this post on Instagram

Boop. ✨

A post shared by KRISTIN ESS (AND LOTS OF DOGS) (@kristin_ess) on

Нагласете ги природните кадрици со лента за коса

Плетенка

Декорации од коса

Едноставна коњска опашка со додатоци

Напиши коментар