Новости

Кардиналот им помага на транссексуалните проститутки

Кардиналот познат како „Робин Худ на Папата“ обезбеди пари за храна за група транссексуални проститутки кои ги загубија своите работни места.

„Ние го следиме евангелието, ова е она што Исус би го сторил“, рече Крајевски, еден од најмладите кардинали во светот, задолжен за добротворни цели во Ватикан.

Кога група транссексуални проститутки останаа без работа поради мерките за изолација поради корона вирусот, тие контактираа со локален католички свештеник за да им помогне во купувањето храна, пренесува Ројтерс.

Со оглед на тоа што ресурсите на неговата парохија веќе биле потрошени, свештеникот се обратил кај кардиналот Крајевски, познат како „Робин Худ на Папата“, кој раководи со добротворните организации во Ватикан, и ги обезбеди бараните пари.

„Не разбирам зошто тоа привлече толку големо внимание. Ова е вообичаена работа за Црквата, ова е нормално“, рече кардиналот Конрад Крајевски за Ројтерс.

Крајевски, чија официјална титула е „Папски алмонер“, односно дистрибутер на милоста, рече дека трансродовите лица најверојатно немале документи, што им го отежнува барањето помош од италијанската државна служба за заштита.

„Тие се навистина во неволја и нивните пасоши најверојатно ги одземале мафијашките макроа кои ги контролираат. Ние го следиме евангелието, ова е она што Исус би го сторил“, рече Крајевски, еден од најмладите кардинали во светот.

Откако папата Фрањо го назначи да работи во добротворната организација на Ватикан во 2013 година, Крајевски стана познат по тоа што им носеше храна на градските бездомници во бело комбе во едноставна верска облека.

Тој, исто така, отвори засолништа во близина на Ватикан каде бездомните лица можат да се капат, шишаат, бричат и да добиваат медицинска помош.

Напиши коментар