Мода

Кетрин Мидлтон: Удобен џемпер од Зара во најубавата пролетна боја

Војвотката и војводата од Кембриџ им се заблагодарија на сите наставници ширум Велика Британија кои работеа во училиштата за време на пандемијата.

Некои од нив сè уште се отворени така што децата чии родители работат во институции клучни за борба против корона вирусот имаат место каде ќе го поминат времето додека нивните родители се далеку од дома.

Кетрин и Вилијам разговараа со учениците во основното училиште Кастелтон, лоцирано во близина на болницата Барнли, а голем процент од родителите чии деца одат во ова училиште работат во таа болница.

Секоја чест на сите вас. Родителите сигурно чувствуваат олеснување бидејќи знаат дека нивните деца се во нормална околина, имаат структура и безбедно место, рече Кетрин во обраќањето пред наставниците во училиштата.

Војвотката и војводата оствариле видео повик од нивниот дом во Норфолк и биле многу опуштени за време на интервјуто.

Убавата Кетрин за оваа пригода носеше џемпер од комерцијалниот моден бренд Зара во таканаречена сенф жолта боја.

Моделот со надувани ракави од минатата колекција на Зара во Велика Британија беше достапен по цена од 29,99 фунти, но сега е распродаден.

Жолтата е навистина една од најубавите бои, а особено е популарна во текот на пролетта, така што не е изненадувачки што војвотката ја одбра неа.

Во галеријата погледнете неколку модели на џемпери во различни нијанси на жолта по примерот на Кетрин Мидлтон.

Напиши коментар