3 модни комбинации за 3 модни патувања!
Иако мерките полека се олабавуваат и можеби наскоро ќе можеме да ја обновиме бојата на косата кај омилениот фризер или (со претпазливост!) да се дружиме со пријателите во ресторан, веројатно само ќе сонуваме некое време да патуваме во други земји.
Но, сепак можеме да ги пресоздадеме омилените дестинации преку модата!
Пепито дезен и весели бои што ја слават ведрината на животот или специфична комбинација на сино-бела боја, нè здружуваат со дестинациите што сакавме да ги посетиме – Сан Тропе, Италија и Грчките острови.
Додека фантазираме за повторно патување, направивме 3 комбинации во кои до тогаш ќе шетаме низ станот или градината и ќе си го подобриме расположението.
РЕТРО ШАРМОТ НА САН ТРОПЕ
Пепито коцкички се еден од најголемите трендови оваа пролет, а овој дезен ја буди асоцијацијата на ретро стилот од педесеттите години што го носеше Брижит Бардо во прекрасниот Сан Тропе.
Реинкарнирајте го овој шармантен изглед со спарување на пепито здолниште со женствен горен дел, мала ташна, дамски очила и кожни еспадрили.
ZARA горен дел, H&M очила, H&M здолниште, ташна ZARA, H&M чевли.
BELLA ITALIA ПОЛНА СО ВЕДРИНА
Италија сега е една од најпогодените земји, но веселиот и позитивен дух на нејзините жители не се спушти дури и во најтешките периоди.
Потсетете се, на пример, на позитивното размислување и славење на животот во сржта на италијанската култура, вклучително и модата, преку оваа облека полна со весели бои и игриви дезени.
Горен дел ZARA, обетки на MANGO, здолниште VANESSA BRUNO, чевли MANGO.
СИНО БЕЛАТА БОЈА НА ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ
Сино-белата комбинација на бои сама по себе бара релаксација, особено кога ќе не потсети на мирот и убавината на грчките острови.
Овој прекрасен фустан, покрај тоа што асоцира на летните денови, е практичен за секој ден и може да се носи со патики.
Златниот накит оди добро со „грчките бои“, така што овој ѓердан совршено ќе ја заокружи комбинацијата.
МАНГО фустан, очила TOPSHOP, ѓердан од МАНГО, патики PULL & BEAR.