Sweet Home

Кога немате балкон: Трикови за украсување на прозорецот од каде ќе имате подобар поглед кон светот

Поради изолацијата, ние повеќе од кога и да е започнавме да ја цениме слободата на движење и сфативме дека ги зимавме здраво за готово неколку мали секојдневни задоволства, како на пример, излегувањето на кафе.

Сега ќе имаме малку трпеливост и во корист на сите ќе останеме во своите домови. Со оглед на тоа што на сите ни недостасува надворешниот свет, во последните неколку недели гравитираме кон местата во домот што нè поврзуваат со него.

Нема секој среќа да ужива во сопствен двор, тераса и балкон, но дури и оние само со прозорец, можат да го претворат во мала оаза која навистина ќе даде подобар поглед на светот.

1. Искористете ги широките парапети на прозорецот

Доколку имате прозорец со широк и доволно низок простор за да можете да го претворите во место седење, земете старо ќебе и украсна перница која ќе ја украдете од каучот, и создадете ново омилено место за утринско будење, како и за релаксација во остатокот од денот.

2. Пренаменете ги или на друг начин наредете ги парчињата мебел

Ако случајно имате клупа во станот, поставете ја под прозорецот. Цврста мала правоаголна маса исто така може да стане мала клупа покрај прозорецот, а ќе послужат и неискористените столици. Ова ќе ви овозможи седење покрај прозорецот.

3. Поместете неколку растенија

Со оглед на тоа што погледот сега постојано ќе се гравитира кон прозорецот, преселете кон него неколку растенија што ги имате во станот. Имајте на ум ова да се растенија што ја сакаат светлината. Погледот во зеленилото веднаш ќе ве смири.

Најтесниот парапет од прозорецот може да служи за поставување на мала тегла со цвеќе, а секогаш ќе има простор за шолја кафе или чај.

4. Поместете ја работната маса поблиску до прозорецот

Ако работите од дома и имате можност да ја преместите работната маса, поставете ја што е можно поблиску до прозорецот. Дневната светлина ќе ве мотивира да работите, а исто така ќе ви помогне да направите малку пауза.

Сега не мислете се дали тоа биро ќе изгледа убаво во таа позиција или не – во овој момент треба да си го олесниме престојот во затворен простор кога и да ни се укаже можност.

Напиши коментар