Шкода низ цртежи ја најави премиерата на Скала Спајдер.
Но, оние кои веќе се понадеваа дека ќе го купат наскоро, ќе бидат разочарани. Ова е концепт автомобил дизајниран од студенти.
Шкода ги објави првите скици кои ни даваат идеја како ќе изгледа идниот концептен модел на Скала Спајдер кој треба да биде претставен во јуни.
Автомобилот беше дизајниран од студенти на пракса во школата за дизајн на Шкода.
Автомобилот се базира на Скала, но нема задни врати и седишта како класичен Скала модел, тој е двосед без покрив. Има бандажи со дијаметар од 19 инчи, а останатите детални технички податоци, како и името се уште не се познати.
20 студенти работеа на автомобилот и им беа потребни неколку месеци.
Ова е седми студентски автомобил по концептот на Шкода.
Традицијата да се произведува по еден прототип секоја година беше лансирана во 2014 година со моделот CitiJet, а минатата година тоа беше пикапот Mountiaq.