Brownie секогаш е добра идеја, а доколку ви досадија класичните рецепти со чоколадо, можете да го пробате овој интересен рецепт- brownie со кафе и јагоди во кое со сигурност сите ќе уживате, дури и децата, бидејќи има сосема мала количина на кафе.
Состојки:
- 200 гр темно чоколадо
- 113 гр путер
- 3 јајца
- 170 гр шеќер
- малку сол
- 1 лажичка арома од ванила
- 125 гр брашно
- 50 гр ситно сечкано чоколадо на мали коцки
- 3 лажици какао
- 1 espresso
- јагоди
Состојки за прелив:
- 200 мл слатка павлака за шлаг
- 200 гр чоколадо
Подготовка:
- Стопете го чоколадото со путерот
- Изматете ги трите јајца со шеќер додека не добиете убава, пенаста смеса
- Кога смесата е убаво бела додадете го еспресото, 3 лажици какао, арома од ванила и стопениот путер со чоколадо
- Мешајте до соединување на целата смеса
- Додадете го брашното и сечканото чоколадо
- На тепсија ставете хартија за печење и истурете ја смесата
- Печете 20-25 минути; колачот не смее сосема да се исуши, мора да биде мек и кога ќе го боцнете со чепкалка таа треба да биде влажна.
- Додека се пече колачот измијте ги јагодите, отстранете им ги дршките и пресечете ги на половина
- Кога колачот ќе биде готов наредете ги јагодите на површината на колачот, една до друга
Поготовка на преливот:
- Стопете го чоколадото со павлаката на послаба температура и прелијте го врз јагодите