Art & Crafts

Која домашна маска најдобро штити

Научниците од Универзитетот во Илиноис направија истражување за тоа кои домашни материјали се најдобри за правење маски и колку тие штитат од вируси.

Во своето истражување, тие споредиле маски направени од 10 материјали за домаќинство, како што се стара облека или крпа, а ги споредувале со вообичаени хируршки маски.

Според резултатите, повеќето домашни материјали помагаат во спречување на вирусна инфекција, односно блокираат капки што носат вируси, дури и кога станува збор за еднослојни маски, додека некои материјали се многу успешни во тоа.

Студијата покажа дека, во лабораториски услови, хируршката маска обезбедува заштита од 96,3 проценти.

Кога станува збор за материјалите за домаќинството, маската направена од маица составена од 60% памук, 40% полиестер беше најдобра.

Нејзината заштита од капки е 99,98 проценти, но само кога станува збор за трислојна маска.

Со два слоја заштитата е 98,6, со еден само 43,3 проценти.

Следна е кујнската крпа, составена од 85% полиестер и 15% најлон, што запира 97,9% од капките.

Свилената кошула штити 92,3 проценти, а 100% памучната кошула со 91,1 процент.

Најлоша беше маската направена од маица чија комбинација е 75% памук, 25% полиестер, каде заштитата е само 42,6%.

Напиши коментар