Мода

Колекција пролет 2020: Перница и ремен како омилена комбинација за по дома

Дури и по неколку недели социјално растојание и самоизолација, Интернетот не покажува знаци на замор кога станува збор за креативност и хумор.

Корисниците на социјалните медиуми секојдневно ја користат тековната состојба за забавни натписи, како и нови предизвици, кои потоа лесно ги шират преку Инстаграм и Фејсбук.

Еден таков предизвик што лесно го прифатија бројните корисници на Инстаграм се одвива под хаштагот #quarantinepillowchallenge.

Како дел од овој предизвик, модата во изолација е подигната на едно ново ниво. Наместо џемпери и пижами, многу инфлуенсерки облекуваат – перница. Така е – перница која е врзана околу половината и изгледа како фустан.

А со перницата и ременот, многу дами дадоа се од себе за да ги искомбинираат ташната и накитот.

Иако пролетта значи за одлично годишно време кога се враќаат фустаните во нашата гардероба, се чини дека барем на некое време, на социјалните мрежи ќе ги гледаме почесто жените кои се облекуваат во перници.

Погледнете како изгледа тоа во пракса подолу во нашата галерија.

Доколку сакате сами да учествувате во предизвикот, време е да ја извлечете најубавата перница од плакарот.

Ова беше направено и од страна на некои познати инфлуенсерки како Luciane Fuster и Kristine Chicherine, но и домашни девојки,некоја од балканските девојки.

https://www.instagram.com/p/B-pfKsRFjRZ/?utm_source=ig_embed

Write A Comment