Миленичиња

Колку долго кучето може да остане само во домот?

Милениче во куќата носи со себе големи радости, но и голема одговорност.

Миленичето бара грижа како мало дете.

Иако за разлика од децата, миленичињата можете да ги оставите сами дури и на најмала возраст, прашање е колку долго миленичињата можат да бидат сами. Истражувањата покажаа дека кученцата мора да извршуваат физиолошки потреби секој час на едно месечна возраст.

Ова значи дека кучето кое е старо три месеци ќе мора д аизлезе на секои три часа.

Возрасните кучиња извршуваат физиолошки потреби на секои шест до осум часа, додека постарите кучиња, иако побавни, извршуваат физиолошки потреби на секои два до шест часа.

Држењето урина премногу долго не само што не е пријатно за кучето, но исто така може да доведе до несреќи дома и инфекција на уринарниот тракт.

На кучето треба да му биде обезбедена прошетка на секои четири до шест часа, а доколку сте на работа во тој период, земете пауза или искористете ги услугите на трета личност или сосед за да го извадите кучето за да ги изврши физиолошките потреби.

Ако кучето е премногу приврзано за сопственикот, неопходно е да се збогувате со него пред да ја напуштите куќата. Во меѓувреме, играјте со вашето домашно милениче и создадете позитивно чувство кај кучето пред да го оставите додека сте на работа или поради некои други обврски.

Се разбира, кучињата се социјални суштества и ако одите некаде поголем дел од денот, обезбедете долга прошетка со кучето пред поаѓањето и по пристигнувањето. Не само што им треба вежбање, туку и социјална интеракција, што може да значи само поминување покрај другите кучиња на улицата.

Дефинирање точно колку е безбедно да се остави куче само во куќата е многу тешко, бидејќи секое куче е индивидуално. Секако, возрасно куче треба да се шета на секои четири до шест часа, така што ова може да се земе како период во кој миленичето е безбедно во осаменоста.

Напиши коментар