Motherhood

Колку треба да јаде дете на возраст од 1-3 години + предлог за дневно мени

Како да знам дали моето дете јадело колку што е потребно – е едно од најчестите прашања што ги поставуваат родителите.

Со цел вашето дете да не јаде премалку, но не и премногу, ние подготвивме мени за исхрана на дете на возраст од 1 – 3 години.

Од првиот ден на бебето, стануваме загрижени дали нашето дете јаде доволно. Покрај тоа, бидејќи сме свесни дека дебелината кај децата станува се почеста, се плашиме да одиме во една сосема друга крајност. Тогаш се поставува главното прашање – која е доволната количина на храна.

За да им помогнат на родителите, нутриционистите ширум светот создадоа мени за родители за тоа колку, во зависност од возраста, едно дете треба да јаде, известува Parents.

Дете на возраст од 1 до 3 години, се препорачува да се консумираат 1000-1400 калории на ден.

По првата година, детето расте малку побавно од порано, така што апетитот може да забави. За секој килограм тежина на детето, тоа треба да внесе помеѓу 70 и 80 калории на ден на оваа возраст, според менито на Американскиот медицински институт.

Како знаете дека внело доволно калории?

– Верувајте му на инстинктот на детето.

Природно е апетитот на двегодишни деца да варира од ден на ден. Меѓутоа, многу родители признале дека ги принудувале своите деца да јадат повеќе, давајќи им награди и мито за неколку каснувања повеќе. Мора да му верувате на детето кога ќе се оддалечи од чинијата и ќе рече дека јадело доволно. Инаку, детето наскоро ќе започне да јаде, дури и кога не е гладно, што ќе ве однесе во сосема друга крајност – дебелина. Многу студии покажале дека дебелите деца целосно го изгубиле чувството за глад и ситост.

Во ред е ако детето престане да игра и земе некое залче зеленчук, овошје, сирење, житарки, но постојано да му се принесува премногу храна на масата и постојаното јадење ќе му стане навика на детето.

– Држете се до вашиот распоред.

Послужете оброци и грицки одвоеносо растојание од три часа. На овој начин, чувството за глад е „нормализирано“. Дете кое постојано каснува нешто нема да се чувствува гладно.

– Не го поткупувајте детето.

Да, јасно е дека остануваат само неколку залчиња месо или зеленчук во чинијата, но на тој начин го принудувате детето да јаде повеќе отколку што сака и треба. Ова ќе го однесе детето на патот на прејадување. Покрај тоа, испраќате погрешна порака за храната.

„Ако детето го смета зеленчукот како храна што едноставно треба да се јаде затоа што е здрава, тоа никогаш нема навистина да сака да ја јаде“, истакнува д-р Дина Роуз.

Предлог за едноставно дневно мени за деца

На оваа возраст, детето треба да пие најмногу две чаши млеко на ден. Најдобро е да се префрлите на вода ако сè уште е жедно. Американската академија за педијатрија сугерира дека млекото со намален процент на маснотии не треба да се дава на дете пред двегодишна возраст, освен ако лекарот тоа не го препорача. Вода и сто проценти исцеден сок се препорачуваат за време на ужинка.

Појадок

– Житарки и половина исецкана банана

Ручек

– Грав со месо

Вечера

– Пилешко на скара, печен сладок компир и малку варена брокула

Ужинка

– Половина чаша јогурт со овошје, сецкано јаболко, сирење на коцки.

Напиши коментар