Motherhood

Колку треба детето да јаде во текот на еден ден?

Дали вашето дете јаде премалку или премногу, проверете!

Од една страна, дебелината кај децата е поизразена од кога и да е, а од друга страна, родителите сè повеќе се соочуваат со проблемот предизвикан од малите нејадачи, деца кои не сакаат речиси ништо да јадат.

Ние нема да навлегуваме во причините и генетските преференци за лошите навики во исхраната на децата, туку ќе се обидеме да им помогнеме на родителите кои се вознемирени од еден или од друг проблем, да стекнат чувство за приближната количина на храна што им е потребна на децата во зависност од нивната возраст.

Погледнете колку калории треба да внесуваат децата.

Умерено активни момчиња во зависност од возраста треба секојдневно да внесуваат:

2 години – 1.000 калории

3 – 5 години – 1.400 калории

6 – 8 години – 1.600 калории

9 – 10 години – 1.800 калории

1 години – 2000 калории

13 години – 2.200 калории

14 години – 2.400 калории

16+ години – 2.800 калории

Умерено активни девојчиња, во зависност од возраста, треба секојдневно да внесуваат:

2 години – 1.000 калории

3 години – 1.200 калории

4 – 6 години – 1.400 калории

7 – 9 години – 1.600 калории 10 -11 години – 1.800 калории

12+ години 2000 калории

Секако, на децата кои играат спорт, а особено на децата кои професионално тренираат, им требаат повеќе калории.

Напиши коментар