Еве што вели психотерапевтот!
Психотерапевтот Зоран Миливојевиќ смета дека зависноста од игри, Интернет и социјални мрежи ќе се појави кај децата како резултат на епидемијата на вирусот корона и преземените мерки за да останат дома за да се спречи ширењето.
Родителите, рече тој, биле приморани да попуштат во оваа ситуација и да им дозволат на децата некои работи што инаку не би биле дозволени во тој обем.
„Некое време ќе има доста негодувања и она што можам да им го кажам на родителите од искуство е дека првата недела ќе биде најтешка“, рече Миливојевиќ за Телевизија Прва.
Тој верува дека децата ќе разберат зошто ќе треба да се заштитат себеси во наредниот период, да носат маски и да ги мијат рацете, затоа што, тој потенцира, децата се разумни суштества.
Тој истакна дека стравот во опасни ситуации е наш пријател затоа што нè мотивира да се заштитиме.