Мода

„Корона-шик“: Пет (не)обични модни комбинации за виртуелни дружења

Љубителите на модата деновиве своите комбинации на облека ги прилагодуваат на тековната ситуација.

Изданијата во уличен стил ќе чекаат некои подобри денови, а сега уживаме во најудобните парчиња од дома.

Ова не значи дека понекогаш не можеме да се средиме малку за престој во нашиот животен простор. Се разбира, со сосема нов dress code.

Тој е брилијантно опишан од хрватскиот писател Кристиан Новак во неговата симпатична покана за литературна средба преку Интернет.

Dress code: корона-шик (долу пижами, горе нешто како за надвор, искинати чорапи прифатливи, хип очила со дебели рамки препорачани, напиша Новак во својата покана за Facebook live).

Инспирирани од неговата модна идеја, решивме да дизајнираме пет едноставни комбинации на корона-шик во кои и вие може да следите некои од идните литературни средби на Интернет или да закажете виртуелна прошетка со вашите пријатели.

Ние ги споивме нашите тренерки и долниот дел на пижамата со топ и маици за надвор, а како изгледаат овие комбинации проверете во галеријата.

Напиши коментар