Sweet Home

Kралски цвет што смирува: Овие цвеќиња треба да ги садите на терасата или во градината!

Оваа егзотична убавица може да ја украси и вашата градина или тераса.

Хортензијата потекнува од Јапонија и била украс на многу палати, а со текот на времето стана омилено растение ширум светот, пред се поради нејзиниот раскошен и софистициран изглед, како и нејзините божествени бои.

Покрај изгледот што претставува одмор за очите и го разубавува ентериерот на станот или градина, хортензијата е растение за кое се тврди дека го смирува умот.

Може да се најде во над 60 варијации.

Една од нејзините неверојатни карактеристики е што таа може да ја промени бојата, па затоа е наречена и камелеон меѓу цвеќињата.

Хортензијата е мулти сезонска билка и може да трае четири години со соодветна грижа и нега, со раст кој се движи од 50 до 150 сантиметри.

Латинското име за оваа убавица е Hydrangea, што во превод значи резервоар за вода, што укажува на тоа дека ова растение бара многу наводнување.

Побарувачката за hydrangea е огромна и не е лесна за наоѓање, особено во нашата земја. Понекогаш, мора да ја нарачате во цвеќарниците неколку недели однапред, а паровите најчесто ја одбираат за свадба, според цвеќарниците.

Меѓутоа, не треба да ја чекате хортензијата, можете сами да ја одгледате во вашата градина или на вашата тераса.

Најважното нешто што треба да знаете кога станува збор за одгледување на хортензијата е дека ова растение претпочита влажни места и бара многу вода.

Ако сакате да добиете посветла нијанса на хортензија, засадете ја во почва со помалку киселост, а ако сакате да добиете цвеќиња кои се интензивно сини или розови, покисела почва ќе ви овозможи да го добиете тоа.

Класичната или бела хортензија, која е меѓу најпопуларните, исто така ќе бара помалку кисела почва.

Важно е да се додаде дека кога садите хортензија, а тоа не е во саксија која можете да ја преместувате по потреба – изберете место кое е под сенка во поголемиот дел од денот, затоа што ова растение не толерира долги периоди на изложеност на силното сонце, затоа што не му останува потребната вода.

Друга важна забелешка е дека хортензијата не е добро да се наводнува и прска на силно сонце, бидејќи нејзините лисја и цвеќиња може да овенат.

Секогаш наводнувајте ја кога температурата ќе се спушти, во вечерните часови или рано наутро.

Покрај класичното наводнување, прскајте ги и лисјата и цвеќињата, бидејќи тоа му одговара на ова растение, а цвеќињата ќе изгледаат посвежи и бујни.

Следете ги овие совети и сигурно ќе имате доживување како да се наоѓате во кралска градина, а ќе можете да се поиграте и со комбинацијата на бои на ова божествено украсно растение.

Напиши коментар