Постојат различни видови чизкејк. Ги сакаме сите, а за вас одбравме еден од омилените: крем чизкејк со марципан.
Состојки за бисквитата:
- 50гр мелени бадеми
- 70гр шеќер
- 30гр брашно
- 30гр густин
- 3 јајца (одвоени белки и жолчки)
- 2 лажици шеќер
- 60мл сок од портокал
- 1 лажица рендана кора од 1 портокал (био)
- ½ лажичка прашок за пециво
- Прстофат сол
Состојки за кремот:
- 200гр марципан
- 750гр младо сирење
- 150гр шеќер
- 200гр павлака
- 4 јајца
- 1 лажица густин
Подготовка
1. Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте го садот за печење.
2. За бисквитот измешајте ги брашното, прашокот за пециво, густинот, бадемите и солта.
3. Ставете три жолчки од јајца во друг сад и изматете ги. Потоа постепено додавајте шеќер и доматете ги.
4. Додадете кора од портокал и сок.
5. Додајте ја мешавината од бадем и брашно.
6. Изматете ги белките и со малку сол и додадете 2 лажици шеќер. Се мати додека не се зацврсти беланецот. Потоа полека додадете го во тестото.
7. Ставете го тестото во сад за печење, печете го околу 12 минути и оставете го да се излади.
8. Подоцна, измешајте ги марципанот,сирењето и шеќерот во мазна смеса. Измешајте ги преостанатите состојки, и посипете ги преку бисквитот.
9. Печете ја тортата уште 50 минути.
10. Оставете да се излади околу 2 часа на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер пет часа.
11. Конечно украсете ја тортата по желба.