Motherhood

Крварење од носот за време на бременоста – што треба да превземе бремената жена

Појавата на крв од носот за време на бременоста не треба да ве загрижува.

Погледнете зошто се случува носот да ви крвари, што да направите и како да се спречи оваа непријатност за време на бременоста.

Може да се појави затнување на носот за време на бременоста, но и крварење. Не грижете се ако забележите траги од крв на марамчето.

Што предизвикува крварење од носот за време на бременоста?

За време на бременоста, вашето тело произведува многу повеќе крв. Се појавуваат ситни капилари кои се преполнуваат, се распрснуваат и се случува носот да крвари. Може да забележите дека вашиот нос е повеќе затнат од вообичаеното, што е резултат на зголемен проток на крв низ мукозните мембрани.

Дали може да се спречи крварењето од нос?

Нема многу што можете да направите во врска со носот за време на бременоста. Сепак, избегнувајте сув воздух, затоа што тогаш сте поосетливи. Можете да користите овлажнувач, особено за време на зимските месеци. Исто така, секогаш бидете особено нежни кога го дувате носот.

Како да се запре крварењето?

Кога крвта ќе започне да тече, спуштете ја главата додека седите или стоите и притиснете ги ноздрите. Не ја наведнувајте главата назад, бидејќи тоа ќе го влоши крварењето. Ако вашиот нос е затнат, зголемете го внесот на течности. Бидете внимателни кога купувате спреј за нос, затоа што не секој е безбеден за бремени жени. Крварењето од носот во бременоста обично е краткотрајно. Меѓутоа, ако се појави посилно и пообилно крварење, мора да се консултирате со лекар.

Напиши коментар