Здраво тело

Лековит сируп од ловоров лист: спречува кашлица и ги чисти белите дробови

Ловоровиот лист има одличен ефект за третман на респираторни заболувања и се користи во природната медицина со векови.

Ова растение содржи калиум, цинк, магнезиум, селен, железо и витамини А, Б и Ц. Ловоровиот лист го зајакнува имунитетот, ја ублажува болката и е одличен за зајакнување на организмот како резултат на бактериски и вирусни инфекции.

Познат е како одличен лек за кашлица, особено за бронхитис.

Состојки:

  • 200 гр шеќер
  • 400 мл вода
  • 2 ловорови листа
  • 1 лимон
  • 1 лажичка ѓумбир во прав
  • 1/2 лажичка цимет

Подготовка:

Карамелизирајте 200 гр шеќер, додадете ја водата и оставете да зоврие на среден оган со постојано мешање. Додадете ги ловоровите лисја и изренданата кора од еден лимон.

Покријте го садот и оставете го да зоврие. Отстранете од оган и процадете. Додадете го ѓумбирот во прав и циметот во сирупот.

Промешајте и оставете да се излади.

Земајте по една лажица сируп секој ден.

Напиши коментар