Простран класичен или вграден плакар е желбата на многу жени, а “walk-in” плакарот е вистински сон.
Тој им се исполни на многу познати дами кои можат да си дозволат најлуксузни резиденции.
Секако, просечниот “walk-in” плакар на познати личности е голем како просечен стан и често не се состои од само еден дел, туку е поделен на големи единици.
Пејачката Кеша неодамна купи нов дом во Лос Анџелес, а во него ја очекува огромна гардероба која сигурно ќе има простор за апсолутно сè – од облека до чевли и додатоци.
Актерката Калеј Куко го продаде својот дом во населбата Тарзана во Лос Анџелес за 3,95 милиони долари, а новиот сопственик внатре го очекува навистина простран плакар.
Погледнете повеќе од “walk-in” плакарите на познатите жени во галеријата.