СОСТОЈКИ
1 чаша (120гр) брашно
2 лажици шеќер
2 лажички прашок за пециво
1 трошка сол
1 чаша (240 мл) млеко
2 лажици стопен путер или растително масло
1 големо јајце
Може да додадете сируп од јавор, свежи бобинки итн.
Подготовка
-Загрејте ја рерната на 90 ° C.
-Во мал сад изматете ги заедно брашното, шеќерот, прашокот за пециво и сол. Стави го садот на страна.
-Во среден сад, помешајте заедно млеко, путер (или растително масло) и јајце.
-Истурете ги сувите состојки во мешавината со млеко, и промешајте (не претерувајте со мешањето).
-Загрејте голема тава на средна топлина со растително масло.
-За секоја палачинка, ставете 2 или 3 лажици тесто на тава. Гответе додека површината на палачинки нема меурчиња, околу 1 минута. Превртете ја палачинката со тенка шпатула и оставете додека е кафеава на долната страна, 1 до 2 минути повеќе.
-Служете топло, со сируп од јавор, свежи бобинки или парчиња банана.