Мали тела покриени со црно-кафеави боцки и кратки влакна на стомачето, глава со изразени очи и црна муцка, мали тркалезни уши и кратки нозе – ова се ежињата што можеме да ги видиме деновиве на бројни ливади и тревници, па дури и во сопствениот двор.
Но, како да се грижите за него ако тој станал станар на вашиот двор?
Ако одлучите да вдомите еж што го најдовте во вашиот двор или за време на прошетка, треба да имате во предвид неколку работи што ги посочува ветеринарната професија, како и Меѓународната организација на ежови.
1. Покажуваат цела низа емоции
Иако навидум се малку груби заради боцките што ги покриваат нивните тела, ежовите се всушност многу чувствителни животни. Тие сакаат да се гушкаат, особено ужиаат кога ги чешкате нивните стомаци, но само кога тие тоа го сакаат. Тој ќе и стави до знаење на околината кога е подобро да не се допира, а кога се расположени да комуницираат.
На пример, кога се во нивната природна позиција, тоа значи дека тие се мирни, кога ќе станат на задните нозе ја изразуваат својата несигурност, а кога ќе се завиткаат во топка, ќе ни кажат дека се исплашени. Кога се чувствуваат особено борбено, тие нема да се поколебаат да ги украдат чевлите или други мали предмети.
Сепак, тие се најсреќни кога откриваат нов мирис во нивната околина затоа што токму тоа привлекува најголемо внимание во нивните секојдневни авантури.
2. Тие се активни ноќе
Ежовите обично се будат заедно со зајдисонцето. Ако вдомите еж, ќе мора да се прилагодите на неговиот ритам.
На пример, во вечерните часови ќе треба да подготвите свежа храна за него и да обезбедите доволно простор за тој да се движи наоколу. Ветеринарите предупредуваат дека нивниот ритам мора да се почитува и тие никогаш не треба да бидат принудени да бидат активни во текот на денот.
Ежовите се комплексни, но екстремно мили суштества кои ќе ја вратат љубовта сто пати. Покрај тоа, нивните очи се многу чувствителни, па затоа е важно да им се обезбеди само малку светлина во аголот на просторијата во текот на ноќта.
Со будењето на зората, ежот ќе се повлече во некое темно катче и ќе остане таму поголемиот дел од денот.
3. Јадат зеленчук, овошје, месо и инсекти
Како што веќе споменавме, неопходно е да се остави свеж оброк пред вечерта, а главно треба да се состои од свежа и непреработена храна. На пример, исечете јаболко или зелени корени на една чинија, и дефинитивно треба да додадете инсекти и црви специјално наменети за нив, кои може да се купат сушени во специјализирани продавници за миленичиња.
Повремено, можете да им дадете и мали парчиња пилешко месо или некое друго бело месо.
Ако одлучите да направите еден мал еж дел од вашето домаќинство, имајте на ум дека грижата за него е значително различна од, на пример, грижата за мачка или куче, и за дополнителни прашања, контактирајте го најблискиот ветеринар.