Bridal

Љубовта е посилна од сè: Парови кои се венчаа за време на корона

Тие не дозволија пандемијата да ги расипе нивните планови.

Мерките предвидени за борба против вирусот, подразбираа и забрана на свечени настани, како свадби, поради бројот на луѓе собрани во еден простор.

Сепак, некои парови не сакаа да го одложат најубавиот ден, па превзедоа различни чекори за да го кажат судбоносното „да“.

Ви ги претставуваме најинтересните …

1.Венчавка во дневната соба

https://www.instagram.com/p/B-NXO1ngvrK/

Младата двојка реши да ја одржи својата свадбена церемонија во дневната соба, каде што престојуваа за време на изолацијата.

На венчавката присуствуваше еден пријател, а младите го танцуваа својот прв танц пред зградата, пред публика – соседите кои даваа поддршка од прозорците.

2. Венчавка на балконот

Наместо планирана церемонија во ресторан во Бруклин, една млада двојка од Њујорк ја организираше својата венчавка на балконот, додека пак неколку пријатели се собраа пред куќата за да ги наградат со аплауз.

3. Свадба во супермаркет

Израелската влада издаде и забрана за собирање, освен во супермаркетите каде што дозволениот максимум е 100 лица.

Оваа мерка ја искористи една млада двојка која реши да се венча во супермаркетот, каде што дури имаа и бенд.

Се чини дека не кажуваат беспотребно дека љубовта победува сѐ.

Напиши коментар