Лукот има фасцинантни здравствени својства и скоро неверојатни состојки против стареење.
Стотици, па дури и илјадници години, лукот се смета за многу важна состојка во која било традиционална билна аптека, затоа што го штити организмот од бактерии.
Лукот има антиинфламаторно, антибактериско и антивирусно дејство. Ја спречува смртта на клетките, ја зајакнува крвта и спречува инфекција.
Лукот е антиоксиданс и му помага на телото да се бори против радикалите. Како што старееме, имунитетот на телото се намалува, па постарите луѓе се склони кон инфекции и се разболуваат почесто, а тука се вклопува лукот со своето дејствување.
Лукот е најдобро да се јаде свеж. Едно парче лук наутро на празен стомак е одличен начин да го започнете денот и да ги искористите целосните придобивки од лукот.
Лукот секако може да се додаде и во разни јадења.
Денес, во аптеките можат да се купат различни суплементи од лук од кои е изваден мирисот, доколку тоа е нешто што ви пречи.