Нема многу сопственици на хотели во светот кои ќе бидат среќни да инвестираат 250 милиони долари за да создадат уникатно искуство за своите гости… Но, сепак, за дон Карлос Пељас, Мукул е многу повеќе од првиот луксузен хотел и спа центар во Никарагва.
Ова одморалиште гордо ја отсликува својата семејна традиција која се пренесува од генерација на генерација, така што секој гостин се третира како да е дел од семејството Пељас.
Слободно можеме да кажеме дека одморалиштето кое зафаќа 1.670 хектари нуди апсолутно најдобри услуги и комфор. Постојат 37 соби за гости, секоја опремена како луксузна приватна вила, вклучувајќи луксузни апартмани со шест спални соби, како и вили на плажа со две спални соби.
Сместено на Смарагдскиот брег на Никарагва, ова одморалиште е опкружено со бели песочни плажи и тиркизно сини води, нудејќи им на своите посетители неверојатен поглед на океанот и персонал кој нуди беспрекорна услуга, која доаѓа како стандард.
Покрај тоа што уживате во беспрекорниот амбиент на одморалиштето, тука можете да уживате и во многуте природни убавини на регионот.
Ако сакате да имате релаксирано искуство, Спа Мукул ви нуди шест различни третмани во шест различни приватни спа-лоѓии. Овде можете да ѝ дозволите на убавата природа и третманите целосно да ве опорават и оживеат.
Во случај да ви се допаѓа одмор полн со активности, знајте дека тука ве чекаат прошетки низ дождовните шуми и по должината на плажата.
Покрај тоа, тука е и познатиот голф терен со 18 дупки, Guacalito, којшто е совршен за забава со пријателите и уживање во прекрасна гастрономска понуда.
Ако некогаш решите да го посетите регионот на Никарагва, знајте дека овој хотел дефинитивно ќе ве остави без зборови.