Конечно добар модел на лулашка за градина!
Оној што е доволно удобен за да се седне, но може и да се прошири за да може уморниот градинар да легне …
Наместо тенките и кршливи модели, со ладни метални цевки од кои најчесто се прават градинарските лулашки, овој модел стои врз масивни греди од дрво, а едноставноста на дизајнот е едноставно неодолива.
Дрвената рамка има димензии (должина x ширина x висина): 2720x1150x2150, додека клупата се состои од две седишта и потпирачи за грб (перници 2 х 1900х600х60 и страници 2 x 600x300x150).
Покривот е од 2000х2400 платно.
Седиштето може лесно да се спушти на широко за лежење, а кога лулашката ќе биде спакувана, покривот може да се спушти како еден вид двостран чадор и да ги заштити дрвените делови од атмосферски влијанија.