Motherhood

Мајката открива: 10 причини зошто сè е полесно со второто дете

Сакате второ бебе, но се плашите дека нема да можете да се организирате? Една мајка открива зошто сè е многу полесно кога имате второ дете.

Многу родители се загрижени што ќе имаат второ дете. Тие не се сигурни како ќе реагира првороденото дете, дали ќе може да ја балансираат грижата за новото бебе и поголемото братче или сестра.

Сигурно е дека мајките имаат повеќе обврски со две отколку со едно дете. Сепак, мајката Трин Џенсен-Бурк реши да сподели десет причини зошто сè е полесно со второто дете и ги смири сите мајки кои се плашат додека чекаат второ бебе.

  1. Вие сте многу порелаксирани
  2. Знаете што ве чека
  3. Немате време за досада
  4. Никој не ви паметува
  5. Ја имате скоро целата опрема
  6. Знаете што е сосема залудно и не трошите пари
  7. Имате пријатели кои се мајки
  8. Се прилагодивте на недостаток на сон
  9. Не се грижите толку многу
  10. Знаете дека сè што правите е од љубов

„Ако некогаш се прашувате дали треба да се за второ дете, велам – да. Знаете како се вели, каде има простор за еден, има простор за двајца. Но, јас ве предупредувам, можеби толку многу ќе ви се допадне животот со две деца, па ќе започнете да размислувате за трето “, заклучи таа во текстот објавен од порталот Her.ie.

Напиши коментар