Bridal

Мајката се расплака: Нашите деца сами ни ја организираа венчавката

Многу парови мораа да ја одложат својата венчавка поради светската пандемија на вирусот корона.

Истото го сториле и Британците Ким-Мари Жерард (36) и Марк Тот (42), но нивните деца решиле да ја направат церемонијата во дворот.

Добредојдовте на свадбата на мама и тато.

Еј ти, корона вирус, нема да нè спречиш денес!

И благодариме на Фреја за тортата и Сем за цвеќињата. Да започнеме, рече „матичарот“ Луис.

Тој, заедно со својата помлада сестра Руби (8), решија на родителите да им подготват церемонија во дворот на нивниот дом во Стафордшир. Ким-Мари и Марк требаше да се венчаат на 9 април, но поради пандемија на вирусот корона ја откажаа свадбата.

Сепак, децата не се откажаа од нивниот посебен ден, па затоа подготвија мала церемонија во дворот.

Тие поставија церемонијална маса, а гостите беа мечиња. Луис стана „матичар“, а Руби ја сними целата церемонија, што ги воодушеви родителите и интернетот.

– Апсолутно сме воодушевени, не знаевме што подготвуваат за нас сè додека не не разбудија и ни рекоа да се подготвиме за венчавка – рекоа воодушевените родители. Ким-Мари излезе во дворот во венчаница, а Марк ја чекаше во формална облека.

Со насмевка на лицето, тие го слушаа својот син и го кажаа „судбоносното да“.

Двојката планира и официјална свадба откако ќе се прогласи крајот на светската пандемија.

Напиши коментар