Мода

Манго предвидува дека ќе носиме беж и земјени нијанси ова лето

Иако ни е сосема јасно дека сегашната состојба е многу неизвесна и дека се грижиме помалку од кога и да било за модата, сепак оптимистички се надеваме дека кризата наскоро ќе заврши, а ние ќе ги продолжиме нашите животи и ќе си дозволиме нови парчиња облека за топли летни денови (и ќе ги прошетаме по улиците, не само пред сопственото огледало).

Што се однесува до модните трендови за пролет и лето, популарниот шпански high street бренд Манго започна нова кампања наречена “Romantic Vibe”.

Судејќи според фотографиите, во трендовите за топлата сезона доминираат беж и земјени нијанси, валкано розова боја и пригушена портокалова боја.

Покрај тоа, ќе сакаме функционална и практична облека која се фокусира на удобност, како што се комбинезони кои се инспирирани од работничките комбинезони, тексас јакни, фармерки со висок струк, удобни лелеави кошули, едноставни, еднобојни фустани.

Што се однесува до модните додатоци, Манго за модната сезона како предлог ги сава супер-популарните thong сандали, римјанки и вечно популарните патики, преголеми очила за сонце, шешири кои штитат од сонцето, едноставни кожни ташни и малку минималистички накит, како што се ѓердани и алки.

Напиши коментар