Cafe Del Mar

Мастите нема да ве здебелат- еве како започна митот околу храната богата со масти

Следува една одлична вест за вас: јадењето на масти нема да ве здебели. Прејадувањето со макронутриенти ( масти, протеини, или јаглехидрати) го зголемуваат ризикот од зголемена тежина, но мастите сами по себе не се оние кои ќе ве направат дебели.

Мастите можат да бидат застрашувачки нутриент за оние кои бројат калории. Постои и асоцијација дека јадењето масти може да наталожи масти на телото, што не мора да значи дека навистина ќе се случи тоа. Поверојатно е да се здебелите доколку јадете нездрава храна или доколку постојано се прејадувате, вклучувајќи го и прејадувањето со масти, се разбира.

Всушност, многумина успеале да ослабнат држејќи диети со масти, бидејќи ги заменуваат рафинираните јаглехидрати и шеќер со здрави масти (на пример, грицкање јаткасти плодови наместо тесто). Популарната кетогенска диета која е со многу масти и малку јаглехидрати на многумина им помогна да ослабнат, иако сè уште предизвикува контроверзии меѓу нутриционистите.

Мастите се потешки за варење отколку јаглехидратите. Тоа значи дека на мастите им треба повеќе време да минат низ дигестивниот систем, што ќе ви овозможи да се чувствувате сити подолго време и да имате помала желба за грицкање. Мастите го забрзуваат метаболизмот од истата причина: на вашето тело му е потребно повеќе енергија (да согори повеќе калории) за да ги свари.

Колку масти треба да јадете? Во просек 30 проценти од дневниот внес на храна треба да содржи масти, но сепак тоа најмногу зависи од вашето тело, физичката активност и општото здравје. Исто така, треба да се држите до здравите масти најмногу што можете. Тука спаѓа авокадо, јаткасти плодови, цели зрна од соја, маслиново масло и риба како туна и лосос.

Така што, не треба да консумирате само обезмастена храна за да ослабнете или останете здрави. Здравите извори на масти, избалансирано со јаглехидрати и протеини е најдобриот начин за вас!

Напиши коментар