Sweet Home

Модерни decking тераси: како да искомбинирате дрво, камен и плочки

Последната мода во светот на екстериерите, исто така, доаѓаат и кај нас.

Откријте какви се decking терасите и како можете да вметнете дрво, камен и плочки во вашиот дом …

Дрвено-пластичниот WPC-под имитира дрво и трае подолго, не гние, не фаќа мувла и е отпорен на вода, топлина …

Овој под има широка примена за надворешна употреба. Можете да го користите за подовите на терасите, градините, просторот околу базенот во дворовите, за градинарски места за пиење кафе …

Покрај употребата на отворено, decking може да се користи и во затворени простории: за сауни и фитнес центри.

Ако имате голем двор, можете да ја поврзете decking терасата со внатрешните скали или како тераса на којашто се излегува одвнатре.

Без оглед за кој тип на decking тераса ќе се одлучите, би било одлично да го замените целиот ѕид со стаклен ѕид. На тој начин, можете целосно да ги “поврзете” надворешноста и внатрешноста на куќата.

Бидејќи материјалот симулира дрво, ве советуваме да се придржувате до порустикален мебел, а деталите да бидат карирани или во весели бои.

За дополнително збогатување на просторот, можете да ги засадите растенијата во огромни вазни.

Доколку сакате да уживате во вашата decking тераса со замрзнато кафе или ручек со семејството, побарајте повеќе инспирација во нашата галерија на фотографии …

Напиши коментар