Art & Crafts

Може и без боење: Симпатични велигденски јајца за кои ви треба само фломастер

Постојат многу начини за украсување велигденски јајца, а повеќето вклучуваат некаков вид на боење.

Се разбира, можеме да ги украсиме нашите јајца и без боја, а за овој едноставен метод за добивање интересни велигденски јајца ќе ви треба само еден фломастер.

Можете лесно да нацртате слатки лица врз варените јајца или на празни јајца што ќе донесат посебна радост на велигденската трпеза.

На пример, тоа би можеле да бидат лица од зајачиња или обични насмеани лица. Не мачете се со своите вештини за цртање, затоа што е навистина лесно да се нацртаат овие лица, а можете да ги видите од примерите во нашата галерија.

Во зависност од тоа каков ефект сакате, изберете потенок или подебел фломастер.

Се разбира, ако сакате да бидете покреативни, можете да ги украсите додатно овие велигденски јајца по желба, но и вака едноставни ќе бидат навистина впечатлива декорација.

Напиши коментар