Иако на многумина производите за шминкање деновиве не им се дел од ритуалот затоа што се заклучени дома поради пандемијата на вирусот корона, до неодамна сите бевме надвор.
Затоа е важно да ги дезинфицираме нашите make up производи што се наоѓаат во нашите ташни.
Во моментов можеме да кажеме дека сите се опседнати со дезинфекција на нештата, што е нормално со оглед на околностите, односно корона вирусот што владее.
Од време на време има недостаток на средства за дезинфекција само поради масовната набавка од страна на купувачите, бидејќи се обидуваме да задржиме сè што е можно постерилно, од просторот околу нас до телото и облеката.
Но, што е со производите за декоративна козметика, како оние што ги користиме за шминкање?
Експертот за вируси Ангела Расмусен коментираше на оваа тема за магазинот InStyle.
Поточно, како што вели, задржувањето на вирусите на одредени површини надвор од домот зависи од самата површина.
Врз некои производи можат да траат само два часа, а врз некои подолго од еден ден.
– Нема многу што можеме да кажеме за SARS-CoV-2 (вирусот што го предизвикува COVID-19) што се однесува до производите за шминкање. Но, она што е факт е дека на вирусот му треба домаќин за да се репродуцира, така што во секој случај не може да живее долго, за разлика од бактериите – рече Ангела, а пишува idex.hr.
Д-р Шатинг Ху, исто така, зборуваше на оваа тема, советувајќи ни да го одделиме просторот за живеење на два дела по враќањето во домот: загадена и чиста зона.
Во загадената треба да ги ставиме сите работи што ги носевме со нас и врз нас. По миењето и дезинфекцијата на рацете, треба темелно да ги стерилизираме, а потоа да ги пренесеме на чистата зона.
Таа потсети дека е важно редовно да се чистат четките за шминкање, да се обрне внимание на нивните рачки и дека не би било лошо и внатрешноста на производите за шминкање да се испрска со медицински алкохол.
Поради пандемијата на вирусот корона потребно е да се биде внимателен во сите области, и иако во некои земји парфимериите се затворени, во светот, особено се алудира на тоа да не се пробуваат шминките при купување.
Она за што особено се алармира е употребата на тестери во дрогериите.
Всушност, на сите што одат во дрогерии во наредниот период им се советува да не користат тестери за шминка, бидејќи постои голема можност да биле користени од заразено лице.
Многу компании ги повлекоа своите тестери од продавниците, а поставија средства за дезинфекција на нивните влезови.
Затоа, бидете внимателни. Дури и ако не сте биле надвор од куќата деновиве, исчистете ја шминката уште еднаш.
Малку претпазливост не е на одмет.