Направете 8000 чекори на ден и шансите за подолг живот ќе ви се зголемат, велат американските научници.
Студијата објавена во едно списание открила дека луѓето кои секојдневно прават осум илјади чекори (приближно 6,5 километри) имаат 51 процент помала веројатност да умрат во следните десет години од која било причина, вклучително рак и срцеви заболувања, споредено со оние кои одат двапати помалку.
Со оглед на моменталната состојба со коронавирусот, можете да се прошетате и во домот, во место.
Ако изодите повеќе од 12.000 чекори, вашите шанси за смрт во тој период ќе бидат 65 проценти помали отколку кај оние кои прават четири илјади чекори, пренесува „Вашингтон пост“.
Овие резултати произлегоа од анализата на податоците од 4840 Американци на возраст над 40 години, кои беа следени десет години и им беа преброени чекорите со акцелерометар, уред што го носеа на нивните колкови.
Во 10-годишниот период, 1,165 учесници во истражувањето починаа. Се покажа дека без оглед на возраста, полот или расата, повеќе чекори значеа помал ризик од смрт.
Интензитетот на одење не беше важен.