ШоуБиз

НА ОВАА ДЕВОЈКА И СЕ ВОСХИТУВА ЦЕЛ СВЕТ! Мис Англија ја врати круната за да работи повторно како лекар за време на корона вирусот

Мис Англија, која ја доби титулата во 2019 година, се врати во Велика Британија за да работи како доктор и да помогне во овие тешки времиња.

Баша Мукунџи во почетокот на март замина во Индија во име на развојното и социјалното здружение на кое беше амбасадор, меѓутоа, како што се влоши ситуацијата со корона вирусот во Велика Британија, таа реши да се врати во својата земја и да помогне во тешка ситуација што ја зафаќа целата земја.

Баша истакна дека не е во ред да се носи круната на Мис Англија, дури и за хуманитарна работа, додека луѓето ширум светот умираат од вирусот корона.

View this post on Instagram

I've fallen in love with a dream.

A post shared by Dr Bhasha Mukherjee (@bhashamukherjee) on

“Кога ја вршите целата оваа добротворна работа во странство, сеуште се очекува да ја ставите круната, да се подготвите, да изгледате убаво. Само сакав да дојдам и да одам на работа веднаш”, рече Мис Англија.

Напиши коментар