Cafe Del Mar

Најдобри пролетни намирници за слабеење

Балансираната и здрава исхрана треба да се заснова на консумацијата на сезонски намирници. Сезонската храна исто така ќе ви помогне да изгубите вишок килограми.

Со доаѓањето на пролетта, времето се менува, а и метаболизмот, па и диетата мора да се прилагоди. Тешката и масна храна се заменува со свежа и помалку термички обработена храна.

Пролетта е позната по созревањето на многу намирници, па низ многу продавници и пазари може да се најдат, особено овошјето и зеленчукот.

Но, изобилството на овошје и зеленчук може да ви го отежне изборот што е најдобро за вашата линија.

Некои видови храна содржат многу малку калории и помагаат да согорите маснотии и да го направите губењето на тежината побрзо и поздраво.

Кајсии

Тие се одличен извор на растителни влакна, калиум и витамини А и Ц. Една кајсија содржи само 17 калории, па затоа е совршена закуска попладне.

Јагоди

Јагодите се омилено овошје за многумина, и добро е да се знае дека се преполни со влакна и витамин Ц. Влакната ќе ве одржат сити долго време, а само 49 калории има во една шолја јагоди кои сигурно нема да ја загрозат вашата линија.

Аспарагус

Аспарагусот е прекрасна храна кога станува збор за слабеењето. Аспарагусот содржи само четири калории и е одличен извор на растителни влакна, витамини К, Б, Ц, А и фолна киселина.

Артичоки

Покрај изобилството на растителни влакна, артичоките содржат и многу протеини, уште една намирница коеја ве држи сити подолго време. Една артичока содржи само 60 калории.

Напиши коментар