Време е за тренинг!
Домашната изолација не е изговор за запоставување на нашата форма, особено не во моментите кога сите треба да се фокусираме на нашето здравје.
Покрај тоа, вежбањето ќе ви помогне да го кренете расположението, па дури и ако не сте навикнати редовно да вежбате, крајно време е да се започне.
Ние ви претставуваме неколку апликации кои ефикасно ќе ја претворат вашата дневна соба во теретана. Останете силни!
Sworkit
Особено сме задоволни од Sworkit затоа што навистина можете да го прилагодите интензитетот на тренингот кон вашата кондиција со план на вежбање кој го создавате по предлог од апликацијата.
Тренингот може да трае десетина минути или еден час, во зависност од тоа колку време можете да издвоите за спортски активности.
Freeletics Bodyweight
Голем број светски тренери кои се грижат за изгледот на славните, се залагаат за вежбање со помош на сопствената тежина.
Токму таква е и оваа апликација – ви нуди серија специјализирани вежби каде не користите ништо друго освен вашето тело.
Токму затоа ова е одличен избор ако немате или не сакате да користите опрема за вежбање.
Johnson & Johnson official 7 minute workout
Оваа апликација досега ја преземале над три милиони луѓе.
Ве води низ тренингот што можете да го направите за само седум минути.
За сите оние кои немаат доволно време во текот на денот, ова е идеално решение бидејќи апликацијата ќе ве поттикне да го придвижите и истегнете вашето тело.
Nike + Training club
Покрај клучните вежби за сила, издржливост и подвижност, Nike + Training club, исто така нуди можност да креирате ваша сопствена музичка листа.
Сигурни сме дека со вашите омилени хитови, полесно ќе го направите тренингот.