Мода

Најновите парчиња на Зара фотографирани од манекенките во домашна изолација

Одличен начин да се прикажат новите колекции во деновите на изолација.

Ако последниве денови за време на потрагата на модни идеи се најдовте на веб-продавницата на Зара, можеби сте забележале малку поразлични фотографии од модните парчиња.

Наместо вообичаените студиски фотографии, ги најдовте оние што повеќе личат на слики од приватни албуми.

Но не се излажавте.

Поточно, „Ковид-19“ ги сопре сите работи што не се неопходни, вклучително и сликањето на модни парчиња за онлајн продавниците.

Модните сликања би биле особено тешки за организирање деновиве – во вообичаени околности, би биле донесени врвни модели, фотографи и стилисти во Шпанија од целиот свет. Шминкерите и фризерите би требало да работат на моделите оддалечени најмалку 2 метри.

Ниту еден од овие услови, се разбира, не може да биде задоволен во овие моменти.

Сепак, новите модели сè уште пристигнуваат во магацините на Зара, така што овој шпанскиот бренд дошол до следниве идеи – на моделите со кои обично соработувале им испратиле парчиња облека на нивната домашна адреса и им дале слобода да ги фотографираат така како што сакаат.

Од легендарната Малгосие Бел, па сè до младата Кер Тејлор или манекенската ѕвезда на уличниот стил, Гидер Дукаускаит, секој од избраните модели покажа исклучително ниво на креативност, прикажувајќи ги модните парчиња на различни начини.

Од фотографирање пред влезната врата, скокање на креветот до потпирање на удобна софа, секоја фотографија покажува моменти слични на оние што токму сега ги доживуваме.

Се разбира, најновите артикли на Зара се ултра пожелни и тренди како вообичаено – на листата на желби веќе ставивме зебра здолниште, бордо бермуди и цветен мини фустан.

Браво за Зара за одличната идеја, ќе видиме дали другите модни брендови ќе го следат овој умен нов принцип!

Напиши коментар