Постарите трендови јасно е дека не се веќе актуелни само во модата. 2020 година ни донесе бројни новости, новости од минатите ери!
Рециклираните трендови нè обиколуваат од сите страни, без оглед дали станува збор за моделите и формите на облеката што го оживуваат духот од 80-тите и 90-тите години, или нијанси во силни тонови што не можевме да ги замислиме да ги ставаме на очните капаци, освен ако не одевме на маскенбал.
Меѓутоа, кога станува збор за модата, поточно трендовите – какви било, тогаш навистина заборавете го славното „никогаш“.
Едно „никогаш“ од категоријата трендови за фризури штотуку го негираше целиот свет на убавина, а секако благодарение на Французите.
Фризурата која доаѓа директно од 70-тите години, таканаречената “shag cut” повторно оживеа на улиците на Париз и во овој случај на профилите на Инстаграм на многу познати и помалку познати француски трендсетерки.
Како и секогаш кога станува збор за француските жени, незадолжителниот шик е нивен заштитен знак, а тоа ја подразбира, на пример, овој вид на фризура: онаа што изгледа уредно и во исто време многу опуштено, па дури и како штотуку да сте излегле од кревет.
Тоа е фризура дизајнирана од британскиот фризурист Пол Мек Грегор во текот на 70-тите години на минатиот век, а вклучува слоеви на коса кои се сечат кратко на врвот и покрај главата на начин што практично ставаат круна на косата, патецот е секогаш длабок.
Оваа фризура ја носеше едно време Joan Jett, David Bowie, Mick Jagger, Rod Stewart, David Cassidy, Jane Fonda, па дури и Meg Ryan ја носеше во раните 2000-ти. Французите, сепак, се малку поинакви деновиве.
Поточно, “shag cut” главно се применуваше на нешто пократка коса, но тоа не е задолжително!
Можеме слободно да заклучиме врз основа на најновиот тренд дека изгледа подобро ако е применет на подолга коса или до рамењата.
Фризерите велат дека е логично што овој тренд оживеа, бидејќи се наоѓа некаде помеѓу трендот на боб и лоб.