Sweet Home

Најслатките „станари“ на градината: Седум градинарски џуџиња кои мамат насмевка

Секоја градина има потреба од (барем) едно џуџе од градина.

Во градината можеме да најдеме среќа, убавина и одмор за душата и умот затоа што е познато дека градинарството е активност која има корисен и смирувачки ефект врз нашето тело и ум.

И секоја градина ќе изгледа уште поцелосна и волшебна ако таму живее (барем) едно градинарско џуџе.

Постои приказна за тоа како се создале градинарски џуџиња, а таа вели дека во 19 век во германската провинција Тирингија, скулпторите рачно изработувале џуџиња за градината.

Потоа беа направени калапите за производство. Овие калапи се полнеа со квалитетна глина и се печеа во керамички печки за да се зацврстат и да станат трајни.

Џуџињата потоа се рачно насликани и подготвени да ги красат и штитат градините ширум светот.

И така останува до денес …Ако вашата градина сè уште нема џуџе, погледнете во нашата фото галеријата, веруваме дека меѓу седумте убави украси ќе најдете совршен за вашата градина.

Напиши коментар