Убавина

Направете сами миризлива бомба за капење и уживајте во топла купка

Има нешто необјасниво релаксирачко во врска со топлите купки полни со меурчиња, смирувачка музика во позадина и одлична книга во рацете.

Светот полуде по бомбите за капење во последните неколку години – поради одличните мириси, бои, светки и генијалните својства што ги имаат во случај да се природни.

Со оглед дека тие можат да бидат доста скапи, одлучивме да го решиме проблемот и да откриеме како да направите домашна верзија на бомба за када.

Се разбира, по многу пониска цена.

Сè што ви требаат се состојките наведени подолу, прецизна дигитална вага, калапи и само неколку минути за правење.

1 шолја сода бикарбона

половина шолја лимонска киселина

половина шолја морска сол

¾ шолја пченкарен гриз

2 лажици масло по ваш избор (кокос, бадем, маслиново)

2 лажици вода

1 лажица екстракт од ванила

30-40 капки есенцијално масло или зачин во прав (ѓумбирот е одличен избор)

природните бои може и не мора да ги додавате (само поради бојата)

Упатство:

1. Добро измешајте го маслото по ваш избор и есенцијалното масло со сода бикарбоната додека не се соедини.

2. Додадете ги другите суви состојки: сол, лимонска киселина, пченкарен гриз и мешајте додека не се соединат. Додадете го зачинот во прав ако го користите.

3. Полека додадете есенцијални масла и вода во смесата. Препорачуваме да наполните шише со распрскувач и додавате состојки лесно со спреј за да го одржите рамномерниот однос.

4. Измесете ја добро смесата со вашите раце (носете ракавици ако имате чувствителна кожа).

5. Месете додека смесата не стане компактна и повеќе не се распаѓа во вашите раце. Ако видите дека сè уште е премногу сува, додадете уште малку течност.

6. Истиснете ја смесата во калапи или моделирајте ја со вашите раце и оставете да отстои 48 часа или додека не се зацврсти целосно. Смесата најверојатно ќе расте, така што може цврсто да ја притиснете во калапите (најдобро е да користите метални).

7. Откако ќе се исушат, извадете ги и ставете во платнена вреќа и искористете ги во рок од две недели.

Напиши коментар