Направете сами ефект на пескарено стакло и заборавете на скапите завеси и голи прозорци!
Може сами да направите оригинално пескарено стакло на прозорците, без да биде скапо и без мајстори.
Ако сакате уникатна промена на домот, а немате доволно услови и ресурси, тогаш овој трик е совршен за вас.
Пескареното стакло е секогаш модерно, но честопати е скапо и многу кираџии можеби не смеат трајно да го менуваат изгледот на станот.
Исто така, ако немате пари да купите скапи завеси, овој мини проект успешно ќе го скрие домот од љубопитните очи.
Можете да создадете ефект на пескарено стакло, користејќи ткаенина и густин.
Додадете густин во ладна вода и мешајте додека не се соедини, а потоа истурете ја смесата во врела вода.
Мешајте го густинот на тивок оган и оставете малку да се излади.
Исечете парче ткаенина од чипка според димензиите на стаклото на прозорецот и ставете го врз стаклото со лепење на краевите со леплива лента.
Премачкувајте го платното врз стаклото со густин и ќе добиете уникатен ефект на на пескарено стакло.
Погледнете ги деталните упатства во видеото!