Природно нашите потреби за витамин Д ги обезбедуваме со изложеност на сонце, но во време на пандемија, кога поголемиот дел од популацијата е во затворен простор, не треба да заборавиме на внесот на витамин Д и додатоците во исхраната.
Концентрацијата на витамин Д во крвта се менува, од година во година, според нашата изложеност на сонце. Најниски нивоа на витамин Д се забележани во текот на зимата и раната пролет, што е период кога најчесто се јавуваат вирусни респираторни инфекции.
Не е тајна дека некогаш заразените со туберкулоза, грип и други респираторни инфекции, биле изложени на сончева светлина за да промовираат синтеза на витамин Д и закрепнување од болести. Кај луѓето, најголем извор на витамин Д е неговата синтеза во кожата како резултат на изложеност на сончева светлина. Но, што е со кога изложеноста на сонце не е опција?
Најбогатиот природен извор на витамин Д3 во храната се маслата од црниот дроб на рибите. Понатаму, храна богата со витамин Д3 вклучува риба (туна, сардини, скуша, треска, харинга, лосос), ракови и морска храна, некои печурки, квасец, говедски црн дроб и жолчка од јајце и храна која дополнително се збогатува со витамин Д, како што се некои маргарини.
Храна збогатена со витамин Д и ретките природни извори
За да се разбере сериозноста на проблемот со недостаток на витамин Д на ниво на население, некои земји донесоа регулативи за збогатување на витаминот Д. Така, во Финска се маргарините и млекото се збогатени со витамин Д од 2003 година, сокот од портокал и житарките се збогатени во САД, а во Канада, основна збогатена храна се маргаринот и млекото. Во Германија, збогатувањето на храна со витамин Д е ограничено само на маргарините, засновано на закон од 1942 година. Во 2018 година Шведска го прошири својот список со храна збогатена со витамин Д на маргарини, масла, млеко без лактоза, растителни пијалоци и ферментирани млечни производи. Вакви стратегии на национално ниво кај нас нема, но на нашиот пазар имаме некои иновативни функционални производи збогатени со витамин Д – особено некои маргарини дополнително збогатени со витамин Д и млеко со витамин Д и житарки збогатени со разни витамини и минерали и витамин Д.