Здраво тело

Научете правилно да седите додека работите

Притиснете го долниот дел на грбот до потпирачот за грб, исправете се и стегнете ги стомачните мускули.

Секогаш држете ги нозете цврсто на подот кога седите, а колената и колковите под прав агол.

Често менувајте ја висината на столот и прилагодете ја работната површина така што лактите ќе формираат прав агол.

Како да се ослободите од згрбавеното седење?

Експертите советуваат да станете и да се движите почесто – едноставно направете неколку чекори низ канцеларијата додека разговарате на телефон или размислувате.

Ако вашата работа не дозволува да станете, потпирајте го грбот цело време на задниот дел, советуваат физиотерапевти.

– Притиснете го долниот дел на грбот на потпирачот за грб, исправете се и стегнете ги стомачните мускули за да го подобрите држењето на телото и издолжете го вратот со притискање на брадата врз градите.

Исто така можете да седнете исправено, да се потпрете со рацете на маса и да го истегнете ‘рбетот, потпирајќи се на масата како да сакате да станете.

Колковите и колената треба да бидат под прав агол, нозете цврсто да се потпираат на подот.

Периодично менувајте ја положбата на нозете, подигнете ги и стегнете ги стапалата за да ја стимулирате циркулацијата – рече физиотерапевтот Маја Цесарец од центарот АБАРГО.

Идеалната положба за седење зависи од видот на работата што често ја правите.

Менувајте ја висината на столот честопати со подигнување за 10 сантиметри и спуштање за 10 см по еден час.

Исто така, искористете ја секоја можност да станете и да шетате.

– Кога седите, екстензорите на вратот и колковите се стегнати, а стабилизаторите на трупот и длабоките флексори на вратот лоцирани на предниот дел од телото се олабавени.

Не само вежбите за зајакнување на грбот, туку и лесните вежби за истегнување на вратот, помагаат да се подобри оваа состојба – вели Цесарец.

НАМЕСТЕТЕ ГО СТОЛОТ – Работната површина нека биде поставена така што лактовите ќе формираат прав агол, а главата да не е подигната затоа што се оштетува вратниот ‘рбет. Ставете нешто под стапалата.

МАЛА ПОМОШ – Идеално е ако колената се под прав агол во однос на надколениците, а тоа можете да го направите со поставување на потпирач.

ИЗДОЛЖЕТЕ ГО ВРАТОТ – Столот треба да има цврст потпирач за грбот, а задникот да го допре потпирачот за грб. ‘Рбетот и рамениците треба да бидат исправени.

Напиши коментар