Италијанските научници направиле едноставен тест за контрола на инфекција со вирусот на корона, кој се базира на анализа на плунка и дава резултат во рок од 3 до 6 минути за тоа дали тестираниот е заразен или не.
Принципот е сличен на тестот што се користи за да се утврди бременоста.
Примерокот на плунка, измешан со реагенсот и една линија значи дека тестот е негативен, две дека тестираниот е позитивен за Covid19.
Целиот италијански печат пишува за ова значајно откритие направено од научници од универзитетот Инсубрија.
Идејата потекнува од еден млад научник-истражувач Лоренцо Аци, а се реализираше со помош на професорот по биохемија Мауро Фасано, додека експериментот беше координиран од научниот истражувач Тицијана Алберио.
Тестот е многу важен за таканаречената Фаза 2 од пандемијата, кога ќе биде потребно брзо и лесно тестирање на голем број луѓе, на пример, оние вработени во фабрики, болници или во која било ситуација кога е потребно да се контролира дали луѓето се позитивни за Ковид19.
Во споредба со тестот на крвта, овој тест е многу сигурен, но потребно е долго време за новиот тест да биде лиценциран за широко распространета употреба, и за луѓето да можат да го користат дома, на пример.
Меѓутоа, во случај тестирањето да го направат лекарите, одобрението за употреба може да се добие во рок од 15 дена.
Лабораторијата во која е направен тестот веќе има потпишано договор со италијанската компанија “NetrixLab”, која ќе го преземе индустриското производство на тестот.