Мода

Не стегаат околу половината: 15 пролетни здолништа што нема да сакате да ги соблечете

Некои парчиња облека се толку удобни што не сакаме да ги соблечеме.

Да, мислиме на онаа совршена тренерка и дуксер во кои што го поминавме поголемиот дел од месец април, но и за одредени модели на фустан и здолниште.

Оваа година се особено популарни удобните здолништа со еластичен појас кои се лесни за облекување, а исклучително се удобни за носење, без разлика дали сакате да лежите во нив на омилениот кауч или да тркнете по најосновните работи до продавница.

Онлајн продавниците нудат модели со различни должини, кроеви и стилови.

Плисираните модели со миди должина се и понатаму доста популарни, здолништата со карнери, а исто така и тексасните парчињата кои се збогатени со ластик на половината.

Погледнете во нашата галерија со фотографии и откријте ги 15-те најудобни пролетни здолништа на ластик од популарните онлајн продавници.

Напиши коментар