Убавина

Нега во домот: Како да се опорават ноктите после гел лакот

Ноктите дури и кога сме дома бараат внимание, а еве што нè советуваат експертите.

Сигурно е дека салоните нема да работат некое време, поради што многу жени ќе изберат да го отстранат гел лакот.

Ако го сторите тоа, ова е вистинското време за лак со калциум, без разлика каква марка ќе одберете или колку ќе го платите. Ги имате во многу парфимерии и дрогерии.

Го предлагаме затоа што ги храни ноктите, но за да има целосен ефект треба да се применува седум дена – слој преку слој – а на осмиот ден, отстранете го, па започнете од почеток.

За Instagram страницата „На мој начин“, професионална маникирка даде совети како да ги опоравите ноктите додека сте во вашиот дом.

Еве што вели таа:

– За третирани нокти, т.е. за оние на кои што е применета турпија, не треба да се користат производи „8 во 1“, „5 во 1“ и слично.

Не станува збор за брендот, туку дека овие препарати не се добри за ноктите што, т.н. се „отворени“ поради турпијањето на површината.

Тие дури може да направат вдлабнатини на ноктите или сликовито кажано, да ги „испржат“.

Секако, тоа не мора да се случи, затоа што има луѓе чија плочка на ноктот е со висок квалитет, така што речиси ништо не и пречи, но треба да се има в предвид дека имало такви случаи.

Cropped image of lesbians holding hands isolated on white

– Со оглед на тоа дека ноктот не дише, не му треба пауза од лакот за нокти, особено обичниот.

– При домашна работа, никогаш не ја израмнувајте површината на ноктите со турпија.

Ако сакате само малку да ги дотерате, направете го тоа со многу нежна сунѓереста турпија, бидејќи со неа не можете да го отстраните заштитниот слој.

– Користете класични турпии исклучиво за скратување на ноктите.

Не правете го ова со ножички, а особено не со ноктарка, што предизвикува пукање на ноктите. Под прав агол, со турпија што не е груба, доведете ги ноктите до саканата должина.

Ако се прашувате која турпија е оптимална, изберете ја онаа чијашто гранулација е 240. Колку е помал бројот на гранули, турпијата е погруба и обратно.

– Кутикулите можат да се засечат, на крајот на краиштата, јас тоа го правам и сама, но проблемот е што жените знаат да претераат и да направат рани.

На овој начин, бактериите ја следат патеката до коренот на ноктот, а кога тоа ќе се случи, може да се појават сериозни инфекции.

Со оглед на тоа дека сега ќе бидеме дома, доволно е откако ќе ги измиеме рацете, а тоа секако го правевме и претходно, нежно да ја притиснеме кожичката на кутикулите.

Напиши коментар