Дебелината е современа епидемија која стана водечка причина за рак меѓу Британците, се вели во студијата на Cancer Research UK.
Прекумерната тежина е проблем за 29% од возрасните во Велика Британија, двојно повеќе од 1993 година.
На третина од децата им се заканува кога ќе го напуштат основното училиште.
Што можете да направите да се изборите со вишок тежина?
Јадете здраво и вежбате редовно, но овие две работи ќе дадат резултати само по некое време. Како и да е, сè додека не усвоите нов режим, постојат неколку корисни работи што можете да ги направите токму сега, кои многу брзо ќе резултираат со намалување на вашата половината.
1. Не пијте калории
Наједноставниот начин да го намалите внесот на калории е да избегнувате сокови и други пијалоци. Заменете го кафето со млеко и шеќер со црно кафе. Ако имате навика да пиете газирани пијалоци, исцедете лимон во минерална вода.
2. Не пијте алкохол два дена неделно
Многумина не се свесни колку алкохолот и штети на линијата. Издржете два или три дена во неделата без капка алкохол и тоа брзо ќе даде резултати. Кога ќе одлучите да наздравите со партнерот, пријателите и колегите, изберете црвено вино наместо пиво и вотка и другите жестоки пијалоци.
3. Ослободете се од
Стресот има огромен ефект врз метаболизмот. Важно е да препознаете што предизвикува стрес во вашиот живот и да ги избегнете ваквите ситуации доколку е можно. Меѓутоа, ако доживеете ситуација која ќе ве вознемири, можете да ја испробате техниката на тактичко дишење како што ја нарекуваат маринците од САД.
Дишете четири секунди, задржете воздух четири секунди и издишувајте четири секунди. Можеби тоа ќе ве смири.
4. Измислете кратки и лесни вежби
За одење во теретана е потребно време и пари. Додека не донесете цврста одлука до која ќе се придржувате, смислете кратки и лесни вежби кои ќе ги правите секојдневно.
На пример, правете сквотови 20 секунди и одморете 10 секунди. Повторувајте го овој процес четири минути. Истото може да го сторите и со исчекори, стомачни склекови и други популарни вежби.
5. Намалете ги нездравите грицки
Нездравите закуски за многу луѓе се најголемата пречка за да се дојде до линијата на соништата. Намалете го нивниот внес. Направете го вашиот појадок, ручек и вечера со многу протеини. Исто така, секогаш имајте при рака јаболко или неколку ореви што привремено ќе ви го намалат апетитот.
6. Реорганизирајте ја кујната
Кујната и оставата, најчесто се полни со нездрави опции. И реорганизацијата може многу да помогне. Нездравата храна мора да ја направите помалку достапна со тоа што ќе ја скриете на горните полици или на места што не се видливи во прв план. Можеби звучи детски, но навистина функционира.